Започнавме со поправки усте од ’90-тите години, од времето на првите PC компјутери и воведувањето на интернетот во Македонија. Сето тоа не става на самиот врв на компании од оваа област, а нашите клиенти можат да сметаат на највисок квалитет на услуга, разработен систем и исклучителна техничка способност и поддршка.
Сервисот на лаптопи во последнава деценија ги надмина персоналните компјутери по обемот на работа, па затоа се фокусиравме на поправка на лаптопите во вистинско време и до сега постигнавме исклучителни резултати . Во состојба сме да ги сервисираме и најтешките поправки BGA reballing, замена на ламби на екрани и слично.
Над 20000 задоволни клиенти зборува доволно за нашиот имиџ и нашите можности, кое само по себе е и наша сатисфакција.
Нашите клиенти имаат големи поволности кои сигурно и Вас ќе Ве израдуваат уште при првата извршена сервисна интервенција, доколку ни покажете доверба. Се трудиме да излеземе во пресрет на секој клиент дури и кога немаме некој директен интерес од тоа, повеќе заради добриот глас и идните препораки за нас кое нешто го негуваме веќе 3-та деценија.