Флет кабелот е плоснат кабел со многу тенки жици кои го спроведуваат сигналот од графичкиот чип до екранот. Заради постојаното отварање и затварање на капакот од лаптопот, флет кабелот во некој момент може да се прекине и мора да се замени со нов. Описот на дефектот од прекинат флет кабел е сличен со дефектот на екранот, но во некои случаи мое да се утврди дефектот и само врз основа на изгледот на сликата на екранот. Во секој случај најдобро е да се направи дијагностика на проблемот. Замената на флет кабелот не е воопшто едноставна поправка како што можеби звучи. Аматерски обиди за промена на флет кабелот може да доведат до оштетување на конекторот на плочата од лаптопот.
Постојат безброј врсти на флет кабли, затоа е потребно лаптопот да се донеси во сервис за да се утврди кој флет цабел точно е потребен, како и да се утврди конечната цена за замена на истиот.
Потребна Ви е помош ?
Нашиот тим од професионалци ќе се обиде да Ви помогне и да изнајде решение за Вашиот проблем.