Доколку лаптопот не сака да се вклучи или прекинува напојувањето кога ке се помести приклучокот од полначот, најверојатно е потребна поправка или замена на ДЦ конекторот.
Дефектот на ДЦ конекторот многу лесно може погрешно да се припише на проблем со адаптерот, затоа што описот на дефектот е ист. Со приклучување на исправен адаптер може веднаш да се потврди дека проблемот е во ДЦ конекторот.
Во нашиот сервис вршиме поправка или замена на ДЦ конекторот на лаптопот до наредниот ден. Замената на ДЦ конекторот не е едноставна работа, секој сервисер знае колку треба да се заврши внимателно замената за да не дојде до оштетување на матичната плоча, а да не зборуваме за расклопувањето на целиот лаптоп за да се дојде до конекторот.
Потребна Ви е помош ?
Нашиот тим од професионалци ќе се обиде да Ви помогне и да изнајде решение за Вашиот проблем.