Сервисот за компјутери НТБ Електроник дооел Битола од 1994 успешно ги решава проблемите со десктоп и лаптоп компјутерите, за компании, јавни претпријатија, странски претставништва, физички лица … Овозможуваме највисок можен квалитет на услугите, а во исто време и поволни цени и исклучителна техничка поддршка, која секако нашите клиенти веќе ја препознале.
Помалите проблеми ги решаваме веднаш или истиот ден, а полесните поправки веќе наредниот ден. Потешките дефекти ги решаваме 1-3 работни дена. Најбрзо би ги решиле дефектите со вградување на нови компоненти, но најпрво се трудиме да ги поправиме постоечките, како би овозможиле поправката да е поповолна за нашите корисници.
Издаваме потврда за донесената опрема, со која Вашите компјутери не можат да бидат заменети или изгубени. Компјутерот детално се прегледува, а штом се дијагностицира проблемот го консултираме корисникот за решението на истиот и за цената на услугата. По Ваше одобрение се одработува сервисот на компјутерот а не ретко и останатите проблеми кои ќе ги забележиме.
Потребна Ви е помош ?
Нашиот тим од професионалци ќе се обиде да Ви помогне и да изнајде решение за Вашиот проблем.