Како Вашите вработени не би морале меѓусебно да се довикуваат и усно договараат, да праќаат документи по маил кои им се потребни на другите колеги, да го дефокусираат колегата кој работи на компјутерот каде што е поврзан печатачот, решението е поставување на компјутерска мрежа.
Просто е невозможно да се замисли постоење на компанија во 21-век која не користи компјутер. Посебно ако е тоа компанија со повеќе вработени потребно е сите тие да функционираат како единствен систем. Заради тоа е потребно меѓусебно да се поврзат, односно да се постават компјутерите во компјутерска мрежа. Со мрежно поврзување на компјутерите Вие му овозможувате на секој од вработените да го користи печатачот кој во моментот му е потребен, да има пристап до фолдерите во кои се наоѓаат податоци кои на сите им се потребни и важни, истите да можат да ги менуваат, дополнуваат, бришат и т.н. и да останатите притоа ги видат сите промени. На тој начин се олеснува комуникацијата помеѓу вработените, размената на информации и т.н.
Самиот наслов јасно кажува дека со поставувањето на компјутерите во мрежа се постигнува мрежна врска помеѓу нив. Компјутерите со LAN кабли и LAN приклучоци преку мрежната картица можат да пристапат едни на други во случај кога е правилно конфигурирана мрежната конекција. Најпрост начин да се постави мрежна комуникација помеѓу компјутерите во една или повеќе простории се постигнува преку безжичен рутер. Тимот на НТБ Електроник дооел Битола врши поставување на мрежна комуникација помеѓу сите видови на компјутери, лаптопи и останати уреди.
Нудиме услуги и решенија од типот: