Вирусите денес се еден од најголемите проблеми кај компјутерите, па чистењето од вируси е една од најчестите работи во нашиот сервис како и на терен. Зависно од тежината на проблемот чистењето на вирусите може да потрае од 15 мин до 2 часа. Ако компјутерот има многу проблеми предизвикани од вирусите препорачуваме чиста инсталација на системот како најбрзо и најсигурно решение, освен ако не се користат посебни програми кои не можат повторно да се инсталираат. Вирусите често ги оштетуваат или ги бришат важните системски фајлови, па поправката на системот е невозможна и по чистењето на вирусите. Во такви случаи останува само да се реинсталира системот.
Потребна Ви е помош ?
Нашиот тим од професионалци ќе се обиде да Ви помогне и да изнајде решение за Вашиот проблем.