About us

Од 1994

ИСТОРИЈА

НТБ Електроник дооел Битола е реномирана компанија од Битола која под ова име од 1994 се занимава со давање на услуги од областа на информатичката технологија, со посебна нагласеност на сервисот за компјутери и лаптопи. Сервисот на компјутери го извршува екипа на врвно обучени сервисери кои имаат во просек по 20 години искуство во оваа област.

МИСИЈА

НТБ Електроник дооел Битола е една од водечките македонски IT компании која што со своето постоење датира уште од 1994 година на Македонскиот пазар, обезбедувајки целосни решенија за интеграција и одржување во компаниите. Во своето 25 годишно работење, НТБ Електроник дооел Битола се разви во експерт за корпоративни проекти и е позната по своите сервисни и услужни решенија.
0

Години искуство

0 +

Задоволни клиенти

0 +

Успешно завршени сервиси

Започнавме со поправки усте од ’90-тите години, од времето на првите PC компјутери и воведувањето на интернетот во Македонија. Сето тоа не става на самиот врв на компании од оваа област, а нашите клиенти можат да сметаат на највисок квалитет на услуга, разработен систем и исклучителна техничка способност и поддршка.

Сервисот на лаптопи во последнава деценија ги надмина персоналните компјутери по обемот на работа, па затоа се фокусиравме на поправка на лаптопите во вистинско време и до сега постигнавме исклучителни резултати . Во состојба сме да ги сервисираме и најтешките поправки BGA reballing, замена на ламби на екрани и слично.

Над 20000 задоволни клиенти зборува доволно за нашиот имиџ и нашите можности, кое само по себе е и наша сатисфакција.

Нашите клиенти имаат големи поволности кои сигурно и Вас ќе Ве израдуваат уште при првата извршена сервисна интервенција, доколку ни покажете доверба. Се трудиме да излеземе во пресрет на секој клиент дури и кога немаме некој директен интерес од тоа, повеќе заради добриот глас и идните препораки за нас кое нешто го негуваме веќе 3-та деценија.

Do you need help ?

Our team of specialists will try to assist you, and find solution for your problem
Contact us